Кристијано Роналдо, Лука Модиќ и Мохамед Салах, влегоа во најтесниот избор на УЕФА за најдобар фудбалер во сезоната 2017/18.
Португалецот кој со „кралевите“ по трет пат во серија го освои врвот на Европа ќе биде во улога на бранител на признанието, Модриќ покрај тоа што имаше блескав настап со шпанскиот тим, беше еден од лидерите на Хрватска на Мундијалот во Русија. Интернационалецот од Египет кој беше прогласен за најдобар во претходната сезона во Премиер лигата, е еден од најзаслужните за пласманот на „црвените“ во финалето во лигата на шампионите.
Добитникот на признанието ќе биде соопштен на свечената церемонијата која ќе се реализира во Монакона 30-ти август.