Освојувачот на титулата во Лигата на шампионите, Ливерпул е екипа со најмногу номинирани играчи за „Идеалниот тим на УЕФА“.
Европската куќа на фудбалот го објави список со 50 играчи од кои треба да изберете најдобрите. 10 од нив се од составот на Јирген Клоп. На второ место со 7 номинирани е Манчестер Сити, Ајакс има 6, а Барселона 5 номинирани играчи. Финалисти во еврокуповите Тотенхем и Челзи имаат по 4 кандидати.

Секој може да биде избран во идеалниот состав. Најдобрите 11 ќе бидат утврдени врз основа на гласовите на навивачите.Наградените ќе бидат официјално објавени следниот понеделник (2 декември) на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.

