Финалето во Лигата на Европа кое треба да се игра во петок, а во него ќе се сретнат екипите на Севиља и Интер, ги доби официјалните лица.
Финалната средба ќе се одигра на стадионот „Рајн Енерџи Стадиум“ во Келн, а ќе ја суди главниот судија Дени Маккели, додека ќе му помагаат Дикс и Стигстра, а четврти судија ќе биде Сидиропулус.
За Маккели ова ќе биде најважен натпревар во кариерата на кој судел, а оваа сезона ја делеше правдата на шест мечеви во Лигата на шампионите, како и еднаш во Лигата на Европа. На Интер му судеше во групната фаза со Борусија Дортмунд, беше главен судија на „Енфилд“, кога актуелниот шампион Ливерпул беше елиминира од Атлетико Мадрид.
Пред неколку денови ја делеше правдата на натпреварот по кој Олимпик Лион направи изненадување и го елиминираше Манчестер Сити во Лисабон.

