Екипите на Шахтјор и Севилја синоќа обезбедија пласман во полуфиналето на Лига Европа. Украинците го победија Базел со 4:1 а Шпанците беа подобри од Вулверхемптон со минимални 1:0.
Тимот од Доњецк во полуфиналето ќе игра против Интер додека Севилја ќе излезе на мегдан со Манчестер Јунајтед. Првото полуфинале меѓу Интер и Шахтјор ќе биде на 16 август в недела од 21 часот на стадионот во Дизелдорф.
Ден потоа „црвените ѓаволи“ и Севилја ќе се појават на стадионот во Келн. Таму на 21 овој месец ќе биде одиграно и големото финале во Лигата на Европа.