Атлетико Мадрид ќе мора да затвори дел од својот стадион поради казната која ја заработи од страна на УЕФА изречена поради односот на нивните навивачи, односно пораката која била истакната за време на финалето во Лига Европа во Лион одиграно минатиот месец.
УЕФА му нареди на Атлетико Мадрид да затворат сектори за најмалку три илјади навивачи на следниот домашен натпревар од Лигата на шампионите на стадионот „Ванда Митрополитано”.
Европската фудбалска централа утврди вина кај Атлетико Мадрид за „расистички пораки” од страна на навивачите на тимот при победата со 3:0 против Олимпик Марсеј во Лион (Франција) во финалето на Лига Европа.