Дисциплинската комисија на УЕФА го казни францускиот тим Олимпик Марсеј условно. УЕФА ќе му забрани учествуво во европските клупски натпреварувања на овој тим доколку направат исти инциденти во наредните две години, како што тоа беше минатат сезона.
Другите казни за тимот од Франција се во износ од 100.000 евра и следниот европски натпревар да го игра без присуство на публика.
Казната е наложена поради акумулираните инциденти од натпреварите од Лигата на Европа минатата сезона. Тоа беа домашните натпревари со Лајпциг (5:2), Салцбург (2:0), Салцбург (1:2) и Атлетико (Мадрид). Казната е изречена поради употреба на пиротехника, опасност за здравјето на другите гледачи, играчи и претставници на другите екипи, како и несоодветна интервенција и превенција од страна на клубот.
Во следните 30 дена, Олимпик Марсеј мора да ја плати штетата на стадионот во Лион, каде што се одржа финалето од Лигата на Европа. Во минатата сезона Марсеј завршија на 4-то место во француското првенство и влегуваат директно во групната фаза на истиот турнир и оваа година, што значи дека нивното прво појавување на домашен терен ќе биде без публика.