Кевин де Бруин (Белгија) од Манчестер Сити и играчите од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте (Франција) и Жоржињо (Италија), се номинирани од стана на УЕФА за наградата најдобар фудбалер. Победникот ќе биде објавен на 26 август во Истанбул.
Номинираните беа избрани по гласањето на жирито составено од тренерите на 24 земји кои учествуваа на ЕП 2020, плус 80 тренери на тимовите што играа во групните фази на Лигата на шампионите и Лига Европа.
За наградата кај тренерите конкурираат: Шпанецот, Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, европскиот шампион Роберто Манчини (Италија) и освојувачот на трофејот во Лигата на шампионите, Германецот, Томас Тухел од Челзи.