Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»УЕФА го објави распоредот за новата сезона во Лигата на шампионите
    Фудбал

    УЕФА го објави распоредот за новата сезона во Лигата на шампионите

    risteBy riste30/08/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    УЕФА денес официјално го објави распоредот за новата сезона во Лигата на шампионите која почнува во средината на месец септември. Сезоната ќе се отвори со дуелите Атлетик Билбао – Арсенал, односно ПСВ Ајндховен – Унион Сен Жилоа. 

    Натпреварите од групната фаза ќе се играат во периодот од 16 до 18 септември 2025 година (ексклузивна недела), а понатаму се закажани за 30 септември – 1 октомври, 21–22 октомври, 4–5 ноември, 25–26 ноември, 9–10 декември 2025, како и во 2026 година на 20–21 јануари и 28 јануари.

    Според официјалниот календар, сите средби ќе бидат одиграни во вторник и среда, со исклучок на првата, ексклузивна недела, кога програмата ќе биде проширена и со натпревари во четврток. Стандардните термини за почеток на натпреварите остануваат непроменети – 18:45 часот (по два меча секој ден) и 21:00 часот (останатите средби) по средноевропско време.

    Единствена разлика ќе има на последното коло од групната фаза, кога сите натпревари ќе стартуваат истовремено во 21:00 часот, со цел да се обезбеди фер регуларност и истовремени услови за сите учесници.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.