Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»УЕФА го објави распоредот за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите
    Фудбал

    УЕФА го објави распоредот за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите

    risteBy riste14/04/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    УЕФА на официјалната веб-страница го објави распоредот на полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите.

    Познато е дека Манчестер Сити ќе го одигра првиот полуфинален натпревар против Реал Мадрид на 26 април во Манчестер на стадионот „Етихад“. Реваншот е закажан за 4 мај на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

    Првиот натпревар помеѓу Ливерпул и Виљареал ќе се одигра на 27 април на „Енфилд“, а реваншот ќе се одигра на 3 мај на „Естадио Де ла Керамика“. Сите натпревари ќе започнат во 21:00 часот.

    Да потсетиме, Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите го победи Атлетико. Виљареал го елиминираше Баерн Минхен. Ливерпул ја исфрли Бенфика од Лигата на шампионите, додека Реал го победи Челзи.

    Финалниот натпревар од актуелната сезона во Лигата на шампионите ќе се одигра на 28 мај. Средбата ќе се одржи на „Стад де Франс“ во Сен Дени – Париз (Франција).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.