Хитот од 1996 година за Европското првенство во Англија – „се враќам дома“, повторно стана популарен и се претвори во неофицијална химна за англиските навивачи за време на Евро 2020.
Пејачот на песната, Френк Скинер, откри дека имало предлог тој да настапи утре пред финалето на Вембли, но, УЕФА одбила.
„УЕФА не го дозволи тоа со образложение дека е премногу пристрасно и нема да биде фер кон Италијанците. Се прашувам зошто дозволи на воведниот натпревар на Италија против Турција, да се појави италијанскиот тенор, Андреа Бошеј”, изјави Скинер за – „Sky Sports”.

