Натпреварот меѓу Тотенхем и Рен од групата „Г“ во Лигата на конференциите, кој требаше да се одигра вечерва, официјално е одложен. Причината за ова се многуте позитивни случаи на КОВИД-19 во тимот на Спарс.
УЕФА вчера првично излезе со став дека средбата ќе се игра според планот. Малку подоцна попладне, менаџерот на лондончани Антонио Конте на својата прес-конференција изјави дека „сите во тимот се исплашени“ затоа што секој ден се заразуваат нови членови на персоналот и играчите.
На крајот Тотенхем реши да го откаже натпреварот. Засега се уште нема информации кога средбата ќе биде презакажана.

