УЕФА на официјалната веб-страница објави одложување на состанокот на извршниот комитет од 27 мај за 17 јуни.
Причината за оваа промена се проблемите што се појавија со градовите домаќини на Еуро 2020, што беше одложено за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот. На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА, ќе бидат решени прашања за иднината на националните првенства, европските купови и натпреварите на националниет тимови. Претходно беше објавено дека УЕФА планира да ги одржи сите преостанати натпревари на европските натпреварувања во август. Датумите за овие натпревари треба да бидат одобрени на претстојниот состанок на извршниот комитет.
Да потсетиме дека натпреварите на Европското првенство треба да се одржат во 12 европски градови: Санкт Петербург, Лондон, Минхен, Баку, Рим, Букурешт, Даблин, Копенхаген, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Амстердам.
Има одредени градови кои потврдије дека ќе бидат организатори, но има и такви кои се неизвесни и затоа УЕФА го одложи овој состанок.