Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, кој постигна два гола за Наполи на вчерашниот меч со Лестер, беше прогласен од УЕФА за најдобар играч во последното коло во Лига Европа.
Нашиот фудбалски „бисер“ беше двоен стрелец во триумфот на Италијанците со 3:2 кој значеше пласман во фазата на елиминации.
Елмас со четири погодоци ја заврши групната фаза во второто по ранг натпреварување на Европа.

