Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо е стрелец бројот 1 на Европското првенство во фудбал, кое заврши синоќа во Лондон.
Роналдо има пет гола, како и Патрик Шик од Чешка, но подобрите дополнителни индикатори му ја даваат круната на Португалецот. УЕФА го реши спорот во корист на sвездата на Јувентус, кој има уште една асистенција и тоа го прави победник.
И додека до неодамна, со еднаков број на голови, играчите ја делеа индивидуалната награда, сега во случај на ист број на голови на двајца или повеќе фудбалери, УЕФА постави дополнителни критериуми. И тие стапуваат на сила на штотуку завршеното првенство. Првата беше асистенција, потоа помалку одиграни минути и евентуално повеќе голови во квалификациите.
Инаку, Патрик Шик ги освои и симпатиите на публиката откако постигна пет од шесте гола за својот тим на шампионатот. Тој особено блескаше на воведниот натпревар од групата против Шкотска, во кој со два гола обезбеди победа од 2:0, од кои едниот гол беше од рекордна оддалеченост од 49,7 метри.