Италијанските медиуми објавија дека УЕФА го прифатила барањето на Јувентус да биде исклучен од Конференциската лига за наредната сезона и со тоа практично да ја одлежи казната која е неизбежна.
Весникот „Кориере дело Спорт“ објави дека УЕФА требаше да го казни Јувентус поради финансиските малверзации и дека клубот од Торино проценил дека сега е најдобриот момент тоа да се случи бидејќи не гледа предзвик да настапи во третото по ранг натпреварување во Европа.
Местото на „старата дама“ според најавите ќе го пополни екипата на Фирентина.