Европската куќа на фудбалот објави дека септемвриските мечеви во Лигата на нации може да се одиграат на неутрален терен доколку тоа го наложи пандемијата со ковид-19.
„Тесната соработка помеѓу сите национални тимови и УЕФА ќе биде неопходна за да се обезбеди редовна организација на сите натпревари. Можноста за одигрување на меѓународни натпревари на неутрален терен не може да се отфрли “ – објави УЕФА.
Нашата селекција во првото коло ќе ја пречека Ерменија на 5. септември додека три дена подоцна ќе треба да гостува на Грузија. Сега со најновата одлука на УЕФА се отвора можноста Македонија да не биде домаќин туку мечот да се одигра на друга локација доколку тоа го наложи ситуацијата со корона-вирусот во нашава земја.