Финансиското тело на УЕФА ги суспендира : Арис (Грција), Астана (Казахстан), Борац Бања Лука (БиХ), Клуж (Романија), Флоријана (Малта), Коњаспор (Турција), Жар (Казахстан), Олимпија Љубљана (Словенија), Осијек и Ријека (Хрватска) и Валмира (Летонија).
Одлуката е донесена по детална анализа и поради непочитување на финансиските регулативи пропишани за сезоната 2022/23. Станува збор за долгови за плати и за направени трансфери.
Сите ќе добијат дополнителна казна од 10.000 евра доколку не ги исплатат долговите до крајот на месецов.