УЕФА одлучи да го казни Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) со 30.000 евра по полуфиналето на Европското првенство – 2020 односно мечот Англија – Данска (2:1), се наведува на официјалната веб-страница на УЕФА.
Оваа одлука е донесена во врска со употребата на ласери од страна на навивачите на англискиот тим, свиркањето за време на изведбата на националните химни, како и употребата на пиротехника.
Да потсетиме, средбата се одигра на 7 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон. Во регулаторното време натпреварот заврши нерешено 1:1, а Англија победи со гол од пенал во продолжението.
Во моментот на изведување на пеналот, некој од трибината со ласерски покажувач во лицето на голманот се обиде да му смета при одбраната на пеналот.

