УЕФА ја казни француската фудбалска федерација со 20.000 евра поради грешката со националната химна на Албанија пред европскиот квалификациски натпревар кој Франција го одигра против Албанија, објави француското радио РФИ.
Пред натпреварот на „Стад де Франс“, наместо на Албанија се интонираше химната на Андора. Албанските фудбалери одбија да го започнат мечот сè додека не се слушне нивната химна, што го одложи почетокот на натпреварот.
Франција го доби натпреварот со 4:1, а по дуелот со извинување за грешката со химната, се јави францускиот претседател Емануел Макрон и селекторот на репрезентацијата Дидие Дешан.