УЕФА ја претстави официјалната топка за натпреварите за овогодинешниот плеј-оф и финалето на Лигата на шампионите.
„Дизајнот на топката го преставува градот домаќин со живописни графики кои прикажуваат два лава кои се борат меѓу ѕвездите. Иако лавот е симбол на богатата историја и култура на Англија и нејзиниот главен град, тој исто така ја претставува храброста и силата на играчите и величественоста на најпосакуваниот трофеј во европскиот клубски фудбал.
Покрај неговиот дизајн, топката е опремена со низа технологии дизајнирани да обезбедат најголема прецизност за играчите. Иновативната текстура на површината ќе им обезбеди на најдобрите европски играчи уште поголема прецизност на топката. Надворешна обвивка обезбедува сигурно држење и целосна контрола, додека термички споениот дизајн без шевови обезбедува максимални перформанси“ се вели во описот на топката од страна на УЕФА.
Финалниот натпревар во сезоната 2023/2024 во Лигата на шампионите на УЕФА ќе се одржи на 1 јуни во Лондон на стадионот Вембли.