Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска соопшти дека не се планира поместување на финалето од Лигата на шампионите кое треба да се игра на 28 мај во Санкт Петербург.
Загриженоста се појави поради растечките тензии меѓу Русија и Украина и можноста за војна меѓу двете земји. Санкт Петербург, кој беше домаќин на натпреварите од СП 2018 и ЕП 2020, е доволно далеку од руско-украинската граница. УЕФА нема да остави ништо на случајноста.
Во последните две сезони финалето двапати беше преселено од Истанбул во Португалија – во 2020 година во Лисабон и во 2021 година во Порто. Во тоа време, промената беше поврзана со пандемијата COVID-19.