Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска, планираат заеднички да го организираат Мундијалот во 2030 година, но, од УЕФА добиле препорака да конкурираат за Евро 2028.
Причина за тоа се плановите на Европската куќа на фудбалот да ја поддржи кандидатурата на Шпанија и Португалија за јубилејниот Мундал со кој ќе се прослави 100-годишнината од првиот собир организиран во уругвајскиот град Монтевидео.
Наредното СП 2022 е во Катар додека САД, Канада и Мексико ќе го организираат Мундијалот во 2026. година.
