УЕФА започнала преговори со релевантните фудбалски федерации за евентуална промена на стадионите на кои треба да се реализираат мечевите од Европското првенство кое е одложено за наредната година.
Според наводите, италијанската и шпанската федерација изразиле сомнеж дека ќе можат да ги исполнат обврските да бидат домаќини. Тоа се должи на големиот број жртви во двете држави и тешките економски последици што ќе ги предизвика пандемијата на „COVID-19“.
Згора на тоа голем дел од планираните стадиони кои сега се користат како болници, имаат резервирани настани за наредното лето. Меѓу нив не влегува легендарниот – „Вембли“, кој дефинитивно ќе може да биде домаќин на мечевите од ЕП.