Европската куќа на фудбалот (УЕФА) испратила писмо до сите членки дека првенствата треба да ги завршат до крајот на јули бидејќи за август се планирани завршните мечеви во евро-куповите.
Тоа значи дека и ФФМ ќе мора да направи календар со кој ќе се доигра првенството под услов во тој период да бидат укинати превентивните владини мерки за заштита од корона-вирусот.
Веста за писмото на УЕФА што ја објави –„Гардиан“ доаѓа пред видео-конференцијата на челниците на УЕФА закажан за в среда во Нион.

