Европската фудбалска асоцијација ќе дозволи околу 9.000 фанови на фудбалот да бидат присутни на големото финале во Лигата на шампионите закажано за 29 мај во турскиот град Истанбул.
Планирано е да се продаваат така наречени – „паметни влезници“ преку мобилните телефони. Конечната одлука за присуство на навивачите ќе биде донесена по состанокот со турската влада.
Финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра на стадионот – „Ататурк“ кој има капацитет од 75.415 гледачи. УЕФА најави дека финалистите ќе добијат одредена бројка на влезници за нивните фанови.

