УЕФА има намера да го исклучи Милан од настапите во европските купови следната сезона, поради нарушување на финансискиот фер-плеј. Веста ја пренесоа повеќе медиуми, па сега се чека официјална потврда од канцеларијата на Европската фудбалска федерација.
Од УЕФА не сакаат да постигнат никаков компромис со Милан, кој не може да ги оправда мултимилионните трансфери на клубот, кои значително ги надминуваат приходите на “росонерите”. Покрај тоа, УЕФА е загрижена за сопственикот на Милан, кој има сомнителна репутација во светот на бизнисот.
Од Милан велат дека доколу се случи дисквалификација, тие е се жалат од Спортскиот суд во Лозана.