Во Русија се пријавени нови случаи на корона-вирус по што властите веднаш забранија продажба на храна и ги затворија угостителски објекти и другите придружни објекти околу стадионите.
Во Санкт Петербург се играат вкупно седум натпревари на Европското првенство вклучувајќи и едно четвртфинале. Интересно што рускиот град влезе како замена за Даблин кој не можеше да гарантира безбедност за време на шампионатот поради големиот број на заболени од Ковид-19.
Во наредните 24 часа ќе биде позната одлуката дали ќе се намали капацитетот на стадионот во Санкт Петербург. Фановите не можат да влезат во градот без доказ за вакцинација или ПЦР-тест направен во претходните 72 часа .

