Извршниот комитет на УЕФА денеска во Нион ќе донесе одлука за домаќинот на Европското првенство 2024 година. Во конкуренција остануваат само две земји – Германија и Турција.
Многумина предвидуваат дека Германија е голем фаворит да ја добие организацијата на ова ЕП, пред се поради блиските политички врски помеѓу турскиот фудбал и првиот човек на Турција, Реџеп Ердоган, нешто што не им оди во прилог на Турците.
Турција беше кандидат за ЕУРО 2008, 2012 и 2016. година, но досега ниту еднаш не успеа да ја добие организацијата на настанот, додека Германците се појавија како домаќини на ЕП 1988 година.