Европската „куќа на фудбалот“ најави дека по реакцијата на сојузот на професионални фудбалери ќе го истражува случајот со дефанзивецот на Франција, Бенџамин Павар, кој по мечот со Германија изјави, дека бил во нокаут 10-15 секунди откако имаше судир со противничкиот фудбалер.
УЕФА сега ќе истражува дали одлуката на докторот на француската репрезентација да го врати во игра Пaвар и покрај силниот удар е коректна. Французите тврдат дека Павар во ниту еден момент не останал без свест и дека можел да продолжи.
Лекарите и селекторите од сите земји пред стартот на ЕУРО потпишале дека ако за играч постои сомнение дека добил потрес на мозокот, веднаш мора да го напуши мечот или тренингот.

