Европската фудбалска федерација откри дека вкупно 3.25 милијарди евра ќе бидат поделени во Лигата на шампионите , Лига Европа и Европскиот Суперкуп.
Од нив, 295 милиони ќе бидат за организација на турнирите а 227.5 милиони ќе бидат искористени за хуманитарни акции. Најмногу ќе добијат учесниците во Лига на шампионите кои ќе поделат дури 2.04 милијарди а екипите во Лига Европа околу 500 милиони евра.
Македонија ќе ја има само Шкендија во квалификациите за европската елита додека Вардар, Работнички и Шкупи ќе бидат дел од квлификациите за Лига Европа.