Европската фудбалска унија на состанокот на Извршниот комитет на 7 април ќе го укине актуелниот финансиски фер-плеј и ќе воведе така наречен – „селари кап“ со цел да се стави крај на преголемото трошење на пари без покритие.
Според најавите, главна поента на „селари капот“ ќе биде тоа дека секој клуб ќе може да потроши во годината 70 проценти од тековните приходи на плати.
Гледано низ бројките, премиерлигашите ќе бидат во предност бидејќи имаат најголема добивка од ТВ-правата а со тоа и големи буџети.