Европската куќа на фудбалот официјално отвори истрага против Јувентус, Реал Мадрид и Барселона, кои не се откажаа од така наречената Супер-лига, иако новиот проект веднаш се распадна како меур од сапуница.
Откако трите екипи одбија да потпишат – „договор за реинтеграција“ со УЕФА, Европската куќа на фудбалот објави дека планира да ги казни.
Според одредени шпекулации, шпанските Реал Мадрид и Барселона и италијанскиот Јуве, може да добијата двегодишна суспензија од сите меѓународни натпреварувања под капата на УЕФА.

