Спортскиот директор на фудбалскиот состав Милан, Марко Фасоне, призна дека клубот е надгледуван од УЕФА и дека набрзо може да биде казнет за непочитување на финансискиот фер-плеј. „ Росонерите“ по трет пат имаа средба со луѓето од УЕФА за да ги презентираат информациите за нивната финансиска состојба.
„Го претставивме планот за наредните години. Милан ќе ги почитува правилата. Сега ништо не може да се случи со финансиската состојба во нашиот тим. Претходните сопственици на клубот не ги почитувале параметрите и затоа сме под лупа поради сезоните 2014/15, 2015/16 и 2016 / 17“ вели Фасоне.
„Ќе има санкции иако се надевам дека нема да бидат строги. Се надевам дека од УЕФА ќе имаат в предвид дека сме нов клуб и дека се обидуваме да работиме подобро” – искоментира Фасоне за „Sky Sport Italia“.