Организаторите на финалето во Лигата на фудбалските шампиони кое треба да се одржи на 1 јуни на стадионот „Ванда Митрополитано” во Мадрид, направија рокада на соблекувалните.
Имено, тимот на Тотенхем, кој ќе ја има улогата на домаќин ќе биде сместен во соблекувалната која е предвидена за гостинските играчи. Промената која е направена од безбедносни причини е поврзана со локацијата на навивачите на Тотенхем и на Ливерпул кои ќе бидат на стадионот.
Фановите на „црвените“ ќе го добијат јужниот дел кој е поблиску до соблекувалната на домаќините додека навивачите од Лондон ќе бидат лоцирани на север или поблиску до гостинската соблекувална. Двете екипи добија по 16.613 билети.