УЕФА се откажува од идејата за европско првенство со 32 тима наместо досегашните 24. Ваквата опција се појави во последниве месеци, каде се зборуваше дека постои шанса на ЕП 2028 да се зголеми бројот на учесници. Сепак, последните информации тврдат дека оваа идеја ќе биде укината, тврди „Тајмс“.
Последен пат бројот на учесници на ЕП беше зголемен во 2016 година, кога од 16 се искачија на 24 селекции. Сега имаше шанса уште повеќе да се зголемат на 32 репрезентации. Сепак, излегува дека ТВ станиците во Европа се спротивставиле на оваа идеја и тоа е причината поради која таа беше откажана.
Доколку се прифати новата идеја, тоа ќе значи дека повеќе од половина од 55-те квалификации ќе се пласираат на завршницата на ЕП. Во оваа ситуација, сепак, турнирот сигурно ќе го загуби квалиетот и ќе има премногу тимови кои ќе бидат неконкурентни.
Беа разгледани и други опции, како што е укинување на традиционалните квалификации за да се заменат со серија елиминациски натпревари. Друга опција беше да се прошири форматот на Лигата на нациите. Но, ниту еден од овие предлози не наиде на поддржувачи меѓу имателите на ТВ правата и беа одбиени.
Конечната одлука за промена на форматот на европските првенства ќе биде донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во ноември. Кандидати за домаќини на ЕП 2028 се Турција и Велика Британија и Ирска.