Репрезентацијата на Чешка ќе мора да го одигра натпреварот со Шкотска во Лигата на нации. Откако забележаа победа против Словачка од 3:1 на гостински терен, вториот натпревар во Лигата на нации, Чешка треба да го игра утре против Шкотска.
Поради ситуацијата со коронавирусот Чесите планираа еднострано да го откажат натпреварот затоа што еден член од стручниот штаб на репрезентацијата бил позитивен, додека двајца играчи, Шик и Соучек се испратени во изолација. Бидејќи се работи за физиотерапевтот, кој бил во контакт со многу фудбалери, а се покажа позитивен на коронавирусот, Чешка одлучи сите да ги испрати во изолација, а против Шкотска да играат фудбалери од домашната лига. УЕФА категорично и порача на Чешката федерација дека нама откажување или одложување на натпреварот и дека ќе мора да направат состав кој ќе го одигра овој натпревар.
Пред почетокот на Лигата на нации, УЕФА донесе поесебен правилник според кое ќе се води доколку се дојде во ваква ситуација. Според ова правило може да се одложи натпревар само ако еден тим има помалку од 13 (еден од нив голман) подготвени и здрави фудбалери.