Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, нема да настапи на двомечот со Ливерпул во првата фаза од елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони.
Европската куќа на фудбалот ја одби жалбата на Баварците поврзана со суспензијата на една од главните алки во тимот од Баварија. Германскиот репрезентативец беше исклучен со директен црвен картон на мечот со Ајакс во групната фаза во Лш и затоа ќе мора да ги пропушти мечевите со „црвените“ од Ливерпул.
Првиот натпревар на 19 февруари ќе биде одигран на стадионот – „Енфилд Роуд“ во Англија додека реваншот е закажан за 13 март на теренот на Баерн Минхен.