Вардар кој фигурира на 144 место е најдобриот македонски фудбалски состав кога станува збор за Лигата на шампионите.
УЕФА, денеска ја објави листата на клубови што се појавиле во историјата на ЛШ а „црвено-црните“ со нивниот ефект се убедливо најдобриот тим од нашава земја. Работнички е на 185 место а Шкендија се најде на 296-то. Подолу на списокот од нашите тимови фигурираат и поранешната Слога Југомагнат потоа Силекс, Победа, Македонија ЃП и Ренова.
Што се однесува до врвот, Реал Мадрид има рекордни 13 титули. Веднаш зад него се рангирани Баерн Минхен, Барселона, Манчестер Јунајтед и Јувентус.