Дисциплинската комисија на УЕФА го казни полскиот состав Легија (Варшава) со 100.000 евра поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите пред натпреварот со Астон Вила во Бирмингем.
На 30 ноември, фановите на варшавскиот клуб се судрија со англиската полиција пред стадионот – Вила Парк. Тие фрлаа разни предмети кон органите на редот и направија голема материјална штета.
УЕФА, воедно одлучи, полскиот состав на наредните пет гостувања да ја нема поддршката на навивачите.
