УЕФА ќе одлучи за формата на присуство на гледачи на натпреварите на Европското првенство на 7 април. Ова го објави членот на Извршниот комитет на УЕФА и генерален директор на Организациониот комитет на Русија – Алексеј Сорокин.
„Ќе имаме јасна слика околу присуството на гледачи на ЕП на 7 април“, изјави Сорокин. Првично, УЕФА планираше конечната одлука за формата на присуство на гледачи на трибините за време на Европското првенство да ја донесе во март.
За време на ЕВРО 2020, кое беше одложено за оваа година поради коронавирусот, организаторите ќе разгледаат четири сценарија – целосно исполнување на трибините, стапка на исполнување од 50, 30 или 20 % од максималниот капацитет и одржување на натпревари без гледачи.

