УЕФА одреди рок до 2 април за да бидат одиграни сите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.
Барањето се должи на ограничувањата наметнати од Германија на патниците од Англија поради новиот вид на КОВИД-19. Ливерпул ќе гостува кај РБ Лајпциг на 16 февруари за првиот натпревар од осминафиналето. Во оваа фаза не е прецизирано дали ќе има исклучок за патување за професионални спортисти.
УЕФА ги повикува клубовите да соработуваат со националните фудбалски федерации за да ги разјаснат правилата за патување, што може да биде попречено од затворените граници и барањата за карантин.
Четвртфиналето во Лигата на шампионите треба да заврши на 17 март, а првите четвртфинални дуели се закажани за 6-7 април.

