УЕФА ги објави точните датуми на кои ќе се одиграат преостанатите осминафинални натпревари од Лигата на шампионите.
На 7 август (петок) ќе се одиграат два натпревари во 21 часот. Тоа се Јувентус – Олимпик Лион (0:1 по првиот натпревар) и Манчестер Сити – Реал Мадрид (2:1 по првиот меч). Следниот ден, 8 август (сабота), ќе се одиграат уште два натпревари на турнирот, повторно во исто време. Барселона – Наполи (1:1 по првиот меч) и Баерн (Минхен) – Челзи (3:0 по првиот натпревар).
Сите натпревари ќе се одриграат на стадионите на екипите домаќини. Четвртфиналето ќе биде помеѓу 12 и 15 август, а екипи кои обезбедиле пласман во оваа фаза се Атлетико Мадрид, РБ Лајпциг, ПСЖ и Аталанта.