Италијанскиот Лацио ќе треба да плати околу 60.000 евра поради навредливиот транспарент на натпреварот со Селтик во Лигата на шампионите.
Европската куќа на фудбалот го казни италијанскиот состав со 25.000 евра и нареди за наредниот меч да има делумно затворање на секторите 48 и 49 северната трибина на Олимпико на која се најекстремните ултраси на Лацијалите.
„Римските орли“ се казнети со 16.750 евра за користење пиротехнички средства и 18.125 евра за фрлање разни предмети на теренот.