Европската фудбалска централа ја започна процедурата за продажба на билети за финалето на Лигата на шампионите кое сезонава ќе се игра на „Стад де Франс“ во Париз на 28 мај.
52.000 билети од вкупниот капацитет од 75.000 на стадионот ќе бидат поделени меѓу навивачите, а 20.000 ќе бидат доделени на тимовите финалисти.
Најевтините билети ќе се продаваат по цена од 70 евра, додека оние најскапите чинат и скоро 700 евра.