УЕФА размислува за реформи по првото издание на турнирот во Лигата на нации, кој дебитираше минатата година.
Според одредени информации кои беа објавени, измените ќе бидат дискутирани утре на состанокот на Извршниот одбор на УЕФА во Љубљана (Словенија).
Идејата е следната сезона во Лигата на нации, од есента 2020 година во Лигата „А“ – најдобрата од четирите лиги, да се зголеми бројот на екипи од 12 на 16. Ова би значело дека Светскиот шампион од 2014, Германија, која испадна во Лига „Б“, ќе го задржи елитниот статус, а во топ лигата ќе играат и Полска, актуелниот светски вице-шампион Хрватска и Исланд.
Португалија го освои првото издание на Лигата на нации, откако во јуни победи со 1:0 во финалето против Холандија во Порто.