Раководството на УЕФА е пред одлука з тоа во кои градови ќе бидат домаќини на преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
„Скај Спорт Италија“ тврди дека веќе од УЕФА донеле одлука осминафиналето во Лигата на шампионите да се игра во Лисабон, а натпреварите од четвртфиналето па натаму во Лигата на шампионите да се одржат во Германија, најверојатно во Франкфурт.
Опцијата реваншите на 4 дуели од осминафиналните парови во Лигата на шампионите, кои се уште не се играле, да се одржи во еден град, е намалена. Тоа се натпреварите Манчестер Сити – Реал Мадрид, Баерн (Минхен) – Челзи, Јувентус – Лион и Барселона – Наполи. Тие ќе се играат на стадионите на екипите кои треба да бидат домаќини според планот. Атлетико Мадрид, ПСЖ, Аталанта и РБ Лајпциг веќе се квалификуваа за четвртфиналето.
Будимпешта ќе биде домаќин на мечот за Европскиот Супер куп, а финалето на женската Лига на шампиони ќе биде во Шпанија.
Официјалната одлука и потврда на сето ова се очекува следната недела по состанокот на Извршниот комитет на УЕФА на 17 и 18 јуни.