УЕФА преговара за зголемување на буџетот за Лигата на шампионите со британски инвестициски фонд, објави „РМЦ Спорт“.
Според изворот, УЕФА сака да го зголеми почетниот буџет на натореварувањето од 4,5 милијарди евра на 7 милијарди евра. УЕФА планира да ги покани на турнирот европски екипи кои одбиле да учествуваат во Суперлигата. Проектот се дискутираше веќе неколку недели и наводно насочен кон зајакнување на позицијата на споредни приходи на ЛШ за клубовите.
Да потсетиме, проектот на Европската Супер лига подразбира создавање на една лига во која ќе учествуваат 20 најдобри клубови во Европа. Учеството во Суперлигата го потврдија врвни клубови како Милан, Арсенал, Атлетико, Челзи, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем.

