Новото издание на Лигата на нации ќе започне без гледачи на трибините. Одлуката на УЕФА денеска преку видео-конференција им била посочена на генералните секретари на 55-те земји членки.
Тоа значи дека мечот Македонија-Ерменија на 5 септември ќе биде без публика и ќе се одвива под строго утврдени здравствени протоки за заштита од Ковид-19. Доколку некоја од земјите не може да биде домаќин, ќе може да побара средбата да се одигра на неутрален терен.
УЕФА во соопштението посочува дека Супер-купот на Европа на 24-ти септември во Будимпешта, ќе биде генерална проба дали ќе може да се вратат фановите на стадионите, секако, бројот ќе биде лимитиран.