Европската фудбалска федерација (УЕФА) го одложи мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб кој вечерва требаше да се одигра во Атина.
Причината за тоа се вчерашните инциденти во кои еден грчки навивач е избоден до смрт додека преку 90 се приведени од полицијата од кои најголемиот дел се Хрвати.
УЕФА допрва ќе излезе со соопштение кога ќе се одигра мечот од третото коло во квалификациите за Лигата на шампионите