УЕФА и се закани на Англија дека ќе и го одземе организирањето на финалето на Евро 2020 и ќе го премести во Унгарија, објави весникот „Тајмс“.
Европската централа бара британската влада да исклучи од задолжителниот карантин 2.500 ВИП лица кои се очекуваат за мечот за трофејот на 11 јули. Доколку тоа не се случи, натпреварот за трофејот најверојатно ќе се игра на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта, каде првиот натпревар се одигра пред неколку дена со полн капацитет на стадионот.
Во Унгарија нема никакви ограничувања за навивачите и ќе може целосно да се искористи капацитетот на стадионот, но исто така нема да има никакви мерки за ВИП гостите кои треба д аго следат финалето.

